Континуираната плодна соработка помеѓу Министерството за образование и спорт на Република Албанија и Министерството за образование и наука на Република Македонија, соработка која оваа година беше официјализирана со потпишувањето на Договорот за соработката во областа на образованието и науката помеѓу двете министерства, на почетокот на јуни оваа година, во Валона, Република Албанија, Советот на министри на Република Албанија, на 22.07.2015 донесе Решение бр. 638, “За квотите на прием во јавните институции на високото образование во програмите од прв циклус, професионални не-универзитетски студиски програми и интегрирани програми од втор циклус, редовни студии, како и школарината за учебната 2015 – 2016”.
Врз основа на оваа одлука, одобрена е приемна квота од 600 Албанци од териториите надвор од границите на Република Албанија, кои сакаат своето образование да го продолжат на студиските програми во јавните институции на високото образование во Република Албанија.
За Албанците од Македонија, Советот на министри на Република Албанија одобри приемна квота од 147 за упис во програми од првиот циклус “Bachelor”, интегрираните програми од втор циклус “Магистер на науки” и професионалните не-универзитетски програми, за редовни студии.