Во однос на претпоставките кои се појавија кај дел од јавноста за можна енергетска криза во државата, не навлегувајќи во постапката на обвинителниот акт, кој е во надлежност на јавното обвинителство, би го истакнал ставот на Владата дека согласно Закон, треба да се обезбеди јавниот интерес и сите државни институции кои се вклучени во кривично-правниот процес треба да преземат легални чекори кои нема да го стават под прашање јавниот интерес, заштитувајќи ги интересите на граѓаните, како и интересите на акционерите и вработените во компанијата „Макпетрол“, објави синоќа вицепремиерот Владимир Пешевски на својот фејсбук профил.
„Исто така потребно е да се обезбедат услови за задоволување на јавниот интерес и од страна на операторот кој е предмет на процесот за утврдување на фактите. Владата во рамките на своите надлежности ќе го следи рзвојот на настаните и доколку е потребно ќе ги преземе сите неопходни чекори да не дојде до посериозно нарушување на балансот на снабдувањето со нафтени деривати и горива за транспорт на граѓаните на Република Македонија“, вели Пешевски во својата објава.