Вчера околу 02,00 часот на Граничниот премин „Богородица“ на излез од Р.Македонија при извршена проверка на ПМВ „Цитроен Саксо“ со грчки национални ознаки, а управувано од В.К.(42) грчки државјанин утврдено е дека вин бројот на возилото е фалсификуван, додека кај истиот биле пронајдени и шест банкноти од по 50 евра со ист сериски број, а предходно со фалсификувана банкнота извршил наплата за точено гориво на бензиска пумпа во близина на граничниот премин.
В.К. е приведен во ПС Гевгелија извршен е разговор и од страна на РЦ за ГР Југ поднесена е кривична пријава до ОЈО во Велес поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „фалсификување пари“, а од страна на судија на предходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.