Нашата најдобра кошаркарска репрезентација го претрпе и вториот порaз во рамките на подготовките за Евробаскетот 2015.
На турнирот во Каунас Литванија црвено жолтите загубија од Турција со убедливи 85-68 (22-20, 29-20, 19-14, 15-14).
Избраниците на селекторот Марјан Србиновски денеска го одиграа најлошиот натпревар на подготовките.
Нашиот национален тим во поголемиот дел од средбата имаше големи проблеми со организацијата на нападот.
Само во воведните десет минути бевме рамноправен ривал на расположениот противник, во преостанатиот дел од средбата Турција одигра многу подобро и на крајот заслуженено стигна до убедлив триумф.
Серијата контролни средби нашите најдобри кошаркари ја продолжуваат по три дена во Мадрид против големиот фаворит за медал на пестојниот Евробаскет, Шпанија.