Во текот на вчерашниот ден издадени 1252 потврди за барање азил

Во периодот од 08,00 часот на 18.08.2015 до 19.08.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 1.252 странски државјани, од кои, 841 се од машки пол, 177 се од женски, 190 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 44 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.040, Ирак – 62, Бангладеж–58, додека другите се во помал број.

Во периодот од 19.06.2015 до 19.08.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 40.087 странски државјани, од кои, 27.507 се од машки пол, 5.606 се од женски, 6.408 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 566деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-32.457, потоа Авганистан-2.016, Ирак-1.900, Пакистан-1.119, Сомалија-561, Палестина-550, Конго-301, Камерун-140, Еритреја-138, Нигерија-138, Етиопија-109, додека останатите се во помал број.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 19.08.2015 година до Одделението за азил се поднесени 47 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 34 барања се од државјани на Сирија, од нив 10за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 18.08.2015 година се евидентирани вкупно 15 баратели на азил, од кои 11 баратели на азил се мажи ( 1 барател е со повреда ), 1 барател на азил е жена, 3 баратели на азил се малолетни лица.

Од вкупниот број на баратели на азил кои се присутни во ЈУ Прифатниот центар, не се евидентирани баратели на азил со повреди, бремени барателки на азил и малолетни лица без придружба на старател.

На 18.08.2015, до 17.00 часот, мобилните екипи на Црвен крст укажаа прва помош на околу 181 лицe, меѓу кои 40 трудници, 77 интервенции на железничката станица во Гевгелија и 104 интервенции на Табановце.Транспортиранo е 1 лицe до Гевгелиската Општа болница.
До 17.00 часот, дистрибуирано е:
• 384 шишиња вода
• 63 пакети со храна
• 11 хигиенски пакети за жени
• 11 хигиенски пакети за мажи
• 43 пакети за прва помош
• 100 пелени.