Фондацијата „Капинков“ од Перт донираше чанти и училишен прибор за првачињата во Дебрца

Бизнисменот од Перт, Западна Австралија, Драган Капинков кој е сопственик на фондацијата „Капинков“, денес во општина Дебрца донираше училишна опрема.

„Капинков се погрижи сите првачиња запишани во ОУ „Дебрца“ да имаат комплет училишен прибор и чанти. За оваа донација која се реализира по трет пат, градоначалникот Трајкоски се заблагодари и се надева дека ќе продолжи и во наредните години.“– иформираат од општина Дебрца.

Имено, оваа донација и посета од страна на Капинков ја организираше почесниот Македонски конзул во Перт Австралија, Зоран Ќосески.

fondacija1