Гужва на патиштата, сообраќајот се одвива по влажни коловози

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по наместа влажни коловози. Од АМСМ информираат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.