ЈП „Охридски Комуналец“ со повеќе активности низ градот

По налог на општинскиот инспекторат извршено е расчистување на речното корито на Велгошка река по нејзиното течение во с.Велгошти. Речното корито е расчистено од дивата вегетација и наносите од натрупан разновиден комунален отпад, информираат од ЈП „Охридски Комунаец.

„Завршено е реконструирањето на дрворедот по ул.„Димитар Влахов“ до централната градинка „Јасна Ристеска“, останува да се заврши потегот до пресекот со ул.„Јане Сандански“.“– велат оттаму.

Екипите на „Паркови и зеленило“  при ЈП „Охридски Комуналец“ ги заменуваат цвеќата во парковските површини со нови цветни расади кои ќе ги красат парковите во есенскиот период.

„Многу често се соочуваме со проблеми на крадење на штотуку засадените садници или намерно оштетување на истите. Така беше и утрово кога по јавните пешачки површини на градскиот плоштад и кружнтаа сообраќајница на „Булевар Туристичка“ пресек со ул.„Бистрица“ беа расфрлани оштетни садници.“- додаваат оттаму.

Исто така екипите извршија и замена на цветен расад кај кружната сообраќајница на ул.„Булевар Туристичка“ пресек со ул.„АСНОМ“ и го заменијацветниот расад во градскиот парк.