Граничната полиција евидентирала случај на украдени регистерски таблички од македонски државјанин кој летувал во Р.Грција.
Имено, на 23.08.2015 г. на граничниот премин „Богородица“ од страна на Б.Ј. од Скопје, пријавено е дека на 21.08.2015 г. во местото Пефкохори, украдена му е предната регистарска табличка од ПМВ „Ауди“.
Ова е втор случај во кои сеукрадени регистарски таблички, а досега се регистрирани шест случаи на оштетување на возила на македонски државјани, кои сезонава се случија на повеќе места во Р.Грција.