Асфалтиран пристапниот пат до ЦОУ „Дебрца“

Денеска пред зградата на ОУ „Дебрца“ во с.Белчишта, во соработка со Локалната самоуправа и градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски кој обезбеди парични средства, се асфалтираше пристапниот пат до училишната зграда.

Овие активности се уште еден показател за одличната соработка меѓу училиштето и Локалната самоуправа, а во насока на обезбедување посигурна средина за учениците, кои секогаш се приоритет за сите во општина Дебрца, информираат од училиштето.