СВР Штип до ОЈО поднесе кривична пријава против С.С.(19) од Штип поради постоење на основано сомнение дека сторил две кривични дела „разбојништво“ и пет кривични дела „тешка кражба“ на дрзок начин. Имено по преземени мерки и добиени оперативни сознанија од полициски службеници од СВР Штип за извршени кривични дела „разбојништво“ и „тешка кражба“ на дрзок начин извршени на подрачјето на град Штип каде жртви на напад се возрасни жени пријавениот е лишен од слобода и приведен во ПС Штип. Од извршениот разговор со сега веќе пријавениот било констатирано дека во периодот од 08 до 24 овој месец на подрачјето на Штип во различен период од денот на повеќе улици, ул.Славчо Стојменски, ул.Христијан Карпош, во близина на маркет, ул.Солунска, ул.Панче Караѓозов, позади трговски центар „Елкос“, ул.Браќа Даневи како и во непосредна близина на детската градинка кога нема зголемена раздвиженост напаѓал возрасни жени (од 46-67 години) кои се движеле сами и ги ограбувал на дрзок начин. С.С. на жените им приоѓал од зад грб и од вратот со тегнење им го кинел и одземал златниот накит и истиот го продавал во златари во Штип и Кочани.
Од преземените мерки од страна на полициските службеници од златара во Кочани одземени се златни ланчиња и вратени на оштетените.
Пријавениот со кривичната пријава е предаден на судија на предходна постапка , кој на истиот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
Инаку пријавениот е познат сторител на кривични дела од областа на имотните деликти за што од страна на СВР Штип од март годинава до сега му се поднесени 17 кривични пријави за сторени 30 кривични дела.