Техничка култура во Република Македонија, 2014 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, а врз основа на добиените извештаи од Сојузот на здруженија за техничка култура на Република Македонија-Народна техника, во 2014 година, во Република Македонија, со техничка култура се занимавале 15 регионални сојузи на здруженија за техничка култура – Народна техника и 9 струкови сојузи.

Регионалните сојузи на здруженијата за техничка култура во 2014 година, во вкупно организираните манифестации имале најголемо учество од 38.0% на натпреварите на кои учество земале 51.5% од учесниците на сите манифестации.

Струковите сојузи, во вкупно организираните манифестации, исто така, имале најголемо учество од 60.5% на натпреварите на кои учествувале 78.8% од учесниците на сите манифестации.