Во Централната зграда на ОУ „Братство Единство“, утре со почеток во 9 часот, со мултуетничка програма ќе се одбележи почетокот на новата учебна година и ќе се изврши прием на првачињата, додека во зградата Лескајца, приемот е закажан во 10 часот.
Како што информираат од училиштето, на настанот ќе се промовира и знамето кое на училиштетото му беше доделено од страна на Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието, како потврда за заслугите во промоција на мултиетничкото образование во регионот.