Градоначалникот Бакрачески во обиколка на пешачката патека кај каналот Студенчишта

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески попладнево беше на увид на патеката кај каналот Студенчишта каде во тек се подготвителните активности зареконструкција на првиот и третиот дел од патеката. Во моментов теренот се чисти и се обележува трасата по која што ќе се движи патеката по што ќе започната градежните активности.Многу наскоро ќе почне реконструкцијата на третиот дел од патеката каде најпрво ќе се поставува атмосферската канализација, водоводна и електрична инсталација.

Третиот дел од патеката ќе ги содржи истите инфраструктурни компоненти кои веќе се изградени во вториот дел. Во овој дел од изградбата се планираат да се опфатат 210 метри должина ,а широчината на патеката ќе биде 12 метри. Целокупниот простор ќе биде соодветно инфратсуктурно уреден и поплочен со гранитни плочки (исто како во вториот дел).Во подоцниот дел од изградбата ќе биде поставено и соодветно модерно јавно осветлување .Инаку реконструкцијата на патеката со задоволство е прифатена од охриѓани и посетителите кои денес му пристапуваа на градоначалникот упатувајќи му пофални зборови за неговите заложби Охрид да се разубавува.

По пауза од неколку години, повторно доаѓаме во Охрид. Овој дел од патеката што сте го изградиле е одличен. Тука се рекреираме и уживаме во оваа убавина. Многу е убаво тука. Убаво го имате уредено и центарот на Охрид . Добро е што Охрид се гради и разубавува. Продолжете така – “.- велат посетители од Скопје кои долго време живееле надвор од нашава земја.

Во првиот дел од реконструкцијата на патеката ќе бидат опфатени 200 м по што целата патека од каналот до хотел „Парк“ ќе добие нов модерен лик со афтентични компоненти кои се карактеристични за Охрид.