Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска оствари средба со Харлем Дезир, Државен секретар за европски прашања на Франција, во рамки на неговата еднодневна посета на Македонија.
На средбата се разговараше за развојот на внатрешно-политичките состојби во Република Македонија, исполнувањето на итните реформски приоритети, како и мигрантската криза со која се соочува цела Европа.
Министерот Попоски ја истакна подготвеноста на сите политички актери за успешно спроведување на приоритетните реформи и политичкиот дијалог и ги реафирмираше македонските ставови за кредибилитетот на европската политика на проширување.
Државниот секретар Дезир ја истакна француската поддршка кон интеграцијата на Република Македонија во Европската Унија и нагласи дека верува во европската перспектива на нашата земјата.
Посетата на Дезир се искористи и за разгледување на статусот на билатералните односи меѓу Република Македонија и Франција, со акцент за интензивирање на политичкиот дијалог и развивање на франко-македонските односи преку интензивирање на економската соработка.