Деновиве Општина Дебрца заврши со крпење и асфалтирање на ударните дупки и асфалтирање на локални улици во населените места. Крпењето започна во селото Мешеишта со крпење на прекопите од изградената канализациона мрежа како и крпење и тампонирање на ударните дупки. Понатака се изврши крпење и санирање на ударните дупки на локалниот пат до с.Мраморец, како и на регионалниот пат од с.Ботун до с.Белчишта. Беше извршено тампонирање и асфалтирање на локални улици во с.Мешеишта, с.Волино и с.Белчишта со вкупна должина од 700 метри. Покрај асфалтирањето и крпењето на ударните дупки се пристапи кон асфалтирање на паркинг простор кај манастирот „Сите Светии“ во село Лешани, а воедно се асфалтира влезот и платото пред ЦОУ „Дебрца“ с.Белчишта.
Вкупната вредност на реализираните работи изнсувала 4 милиони денари, а работите ги изведуваше АД Гранит – Скопје.