Викендов во Куратица авантура на велосипеди, џипови, мотокрос и планинарење

Со цел збогатување на културната и рекреативна програма во охридското село Куратица годинава на 5-ти и 6-ти септември Месната задница Куратица во соработка со Здружението за велосипедизам, планинарење и еко-култура „З’ш“, ќе ја организираат најмасовната авантура на велосипеди, џипови, мотокрос и планинарење. Предвидено е дружење и забава за сите учесници, кои ќе се приклучат на турата на над 2000 метри надморска височина.

„Целта е дружење и запознавање со убавините на целиот масив до Плакенска планина , како и збогатување на туристичката понуда на Куратица. Трката не е од натрпреварувачки карактер.“– велат организаторите.

Подетални информации

1- САБОТА за тие што ќе кампуваат организиран превоз за опремата од Куратица од 13-16 часот. Се кампува во месноста ТИНА на 1350 м.н.в.

2- НЕДЕЛА – СТАРТ 9 часот од центарот на КУРАТИЦА(ова не важи за тие што кампуваат, за нив стартот е во 10 часот од месноста ТИНА) се вози до врвот на Плакенска планина 2000 м.н.в.од кога ќе се освои врвот има спуст преку Плаке, Речица, до Каменоломот (спустот е долг и опасен и треба многу внимателно да се вози), Куратица Средсело

– Истите правила се и за џиповите и моторите – само рутата не е иста тие возат преку Плаке- Речица – Злести Лешани- Велмеј- долгирид-Куратица

3.ЦЕЛ -центар КУРАТИЦА.

„Секој велосипедист треба да поседува исправен велосипед и опрема, резервна гума прибор и основен алат, вода, храна и пијалоци, како и заштитна кацига.

За тие што ќе платат симболично учество од 200 денари на целта има ручек и пијалок, плажќањето не е задолжително туку по слободен избор.

Настанот е отворен за сите љубители на природата, планинари, поети, филозофи, билкари, млади и стари и сите со ведар дух.“- додаваат организаторите.

НАПОМЕНА – ВЕЛОСИПЕДИСТИТЕ ВОЗАТ НА СОПСТВЕН РИЗИК И ОРГАНИЗАТОРОТ НЕ ОДГОВАРА ЗА ЕВЕНТУАЛНИ ПОВРЕДИ И ПОСЛЕДИЦИ

УЧЕСТВОТО НА МАЛОЛЕТНИ ЛИЦА Е ДОЗВОЛЕНО САМО СО ПРИСУСТВО НА РОДИТЕЛ.

djip ruta dj velo ruta velo