Во текот на вчерашниот ден издадени 1808 потврди за барање азил

Во периодот од 08,00 часот на 03.09.2015 до 04.09.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 1.808 странски државјани, од кои, 1.124 се од машки пол, 249 се од женски, 310 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 125 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.475, Авганистан – 174, Пакистан-45, Ирак-44, додека другите се во помал број.

Во периодот од 19.06.2015 до 04.09.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 58.959 странски државјани, од кои, 40.318 се од машки пол, 8.047 се од женски, 9.277 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 1.317 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-47.929, потоа Авганистан-3.330, Ирак-2.666, Пакистан-1.718 Палестина-723,Сомалија-571, Бангладеж-419, Конго-323, Нигерија-201, Камерун-159 Еритреја-142, Етиопија-109, додека останатите се во помал број.
Во периодот од 08,00 часот на 03.09.2015 до 04.09.2015 година во 08,00 часот до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 04.09.2015 година до Одделението за азил се поднесени 49 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 36 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 03.09.2015 година евидентирани се вкупно 16 баратели на азил, од кои 11 баратели на азил се мажи (од кои 1 барател на азил е повреден), 1 барателка на азил е женa и 4 баратели на азил се малолетни лица, од кои едно малолетно лице е без придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита 4 баратели на азил – еден маж, една жена и две малолетни лица од кои едно малолетно лице е без придружба на старател се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.