Македонија убедливо поразена од Грузија

Македонската кошаркарска репрезентација по трет пат е поразена на Евробаскетот 2015.

Во 4 коло од групата Ц, нашиот национален тим во директната пресметка за место во осминафиналето загуби од Грузија со убедливи 90-75.

Во најлошиот миг нашите кошаркари го одиграа најслабиот натпревар на Европското Првенство, по кој очекувано забележавме уште еден неуспех на континенталниот самит.

На денешниот дуел видовме неколку изданија на црвено жолтите, од одлично до очајно, но и една резултатска клацкалка. Избраниците на селекторот Србиновски наместо максимално мотивирани за триумф ги видовме во едно непрепознатливо издание.

Мотивираните кошаркари на Грузија уште од почетокот на мечот ја изразија својата желба за успех и победа со која ќе го трасираат патот за осминафиналето во Лил. Нашиот тим пак беше далеку од изданијата на претходните средби, без главните оружја добрата одбрана и прецизниот шут од далечина.

По очајниот старт на средбата во финишот на првата четвртина ги видовме првите добри минути на црвено жолтите. Но блесокот траеше само до првите секунди на втората делница, кога повторно започнува серијата на Грузија.

Во 15 минута, нашиот противник води со 40-25, по кои црвено жолтите повторно влегуваат во ритам и со серија од 9-0 го намалуваме водствот на Грузија на 40-34.Потоа следуваат неколку промашени чисти шутеви и зицери на нашите кошаркари и Грузија го добива полувремето со 48-37.

Отварањето на третиот период е во знакот на Грузија која повторно стигнува до двоцифрена и убедлива предност. Избраниците на Србиновски кој се неколку иизмени се обидува да го подигне нивото на играта, повторно се без идеја во нападот. Со индивидуални напади нашите кошаркари се обидуваат да постигнат поени што тешко им успева. На крајот сосема заслужено Грузија слави убедлива победа од 90-75.

Во очајниот тим на Србиновски, најефикасни кошаркари се Хендрикс, Дамјан Стојановски со 14, Трајковски со 13 и Костовски со 12 поени.

И покрај убедливиот пораз, нашиот тим има теоретски шанси за пласман во осминафиналето, победа во утрешниот дуел со Словенија кој стартува во 15 часот не носи во Лил.