ЈП „Охридски Комуналец“ со честитка за Новогодишните празници

ЈП „Охридски Комуналец” на сите граѓани на Општина Охрид, сите свои корисници и деловни партнери им ги честита новогодишните и божиќните празници со желби за среќна, успешна и бериќетна 2016 год.

„Заложбите за уреден град ќе бидат наш приоритет и во 2016 год. Нашите сервисни услуги за одржување на јавната чистота, јавното зеленило и услужната хигиена секојдневно ќе ги надградуваме. На транспарентен начин ќе соработуваме со граѓаните заедно создавајќи здрава животна средина во чии благодети сите ќе уживаме.“– велат од ЈП „Охридски Комуналец“.

naslnov