Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, по повод Еврејската Нова година испрати честитка до претседателката на Еврејската заедница во Р. Македонија, Берта Романо Николиќ во којашто се вели:
„На Вас и на сите припадници на еврејската заедница кои живеат во Република Македонија, во име на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија и во мое лично име ви ја честитам Новата 5776 година.
Рош Хашана нека биде нов почеток на еден поспокоен и посреќен живот во добро здравје и мир во вашите срца и вашите семејства.
Македонија ја има шансата да биде горда на соживотот помеѓу граѓаните од различни вери и националности и сите заедно ја имаме обврската да ги негуваме и развиваме тие врски, во духот на меѓусебно почитување и толеранција.
Еврејската заедница претставува неделив дел од општеството, којашто несебично придонесува кон развој на овие вредности.
Престојните празнични денови прославете ги во радост согласно вашата вековна традиција.“– стои во честитката.