Делегација на СДСМ на средба со жителите на Горно и Долно Лакочереј и Велгошти

Делегација предводена од претседателката на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ Татјана Прентовиќ, оствари работна средба со жителите на селата Горно Лакочереј, Долно Лакочереј и Велгошти.

На средбата беше јасно нагласена пораката дека СДСМ во својата програма предвидува зголемен фонд на субвенциите за земјоделците и нивно навремено исплаќање.

СДСМ е активно на терен меѓу граѓаните и на непосреден начин се запознава со нивните проблеми и предлози за истите да ги преточи во најсоодветни програмски решенија со кои ќе настапи на претстојните предвремени парламентарни избори.