Зголемен бројот на странски туристи во јули

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јули 2015 година изнесува 119 742, а бројот на ноќевањата изнесува 520 283.

Бројот на туристите во јули 2015 година, во однос на јули 2014 година, е зголемен за 11.7%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 8.6%.

Бројот на домашните туристи во јули 2015 година, во однос на јули 2014 година, е зголемен за 7.5%, а бројот на странските туристи е зголемен за 16.1%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јули 2015 година, во однос на јули 2014 година, е зголемен за 7.7%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 11.2%.

Во периодот јануари-јули 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 7.9% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 0.7%, а кај странските има зголемување за 12.6%.

Во периодот јануари-јули 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 4.8% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 2.1%, а кај странските има зголемување за 8.0%.