Заменик министерот за труд и социјална политика, Ибрахим Ибрахими заедно со претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски, со претставникот од Меѓународната организација на трудот од канцеларијата во Скопје, Емил Крстаноски и со претседателот на Бизнис конфедерација на Македонија, Миле Бошков присуствуваат на Регионалната конференција за “Формализирање на неформалната економија”, која се одржува во Бечиќи, Будва, Црна Гора, во организација на Меѓународната организација на трудот (МОТ) и Министерството за труд и социјална политика на Република Црна Гора.
Целта на конференцијата е да се промовираат новоусвоените препораки за преминување од неформална во формална економија 2015 година и да се обезбеди можност за учесниците да ги споделат релевантните знаења од Европа и Централна Азија во однос на пристапите и инструментите коишто се однесуваат на формализирање на неформалната економија, вклучително и научените лекции, преку спроведување на голем број на проекти на МОТ во регионот.
На настанот учествуваат и претставници од владите и организациите на работодавачи и работници од Албанија, Ерменија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Казахстан, Молдавија, Црна Гора, Португалија, Романија, Русија, Србија, Таџикистан, Турција и Украина како и претставници и технички експерти од МОТ.