По повод Европската недела на мобилност, која оваа година се одржува под мотото „Избери,промени,комбинирај“, Општина Охрид утре 22-ри септември (вторник) го прогласи за Ден без автомобили. Одбележувањето на Денот без автомобили ќе започне во 10 часот и 30 минути со собирање на учесниците пред зградата на Општина Охрид, ќе настапи хорот од ОУ „ Христо Узунов“ , а пото ќе се обратат градоначалникот Никола Бакрачески и амбасадорката на Германија Кристине Д. Алтхаузер.
За таа цел во соработка со СВР- Охрид за сообраќај ќе бидат затворени неколку фреквентни сообраќајници и тие се резервираат за велосипедисти и пешаци. Во перидот од 11до 13 часот за сообраќај ќе бидат затворени улиците „Димитар Влахов“, „Кузман Јосифовски“ од пресекот со „Димитар Влахов“ до пресекот со „Партизанска“ , „Партизанска“ од пресекот со „Кузман Јосифовски“ до пресекот со „Јане Сандански“ и дел од „Јане Сандански“ од пресекот со „Партизанска“ до пресекот со „Димитар Влахов“.
Општина Охрид ги повикува граѓаните масовно да се вклучат во оваа акција и барем еден ден во годината на работа да дојдат без автомобили.
Утре, оставете го автомобилот дома и уживајте во возење велосипед или пешачење, знаејќи дека ќе го направте вистинскиот потег за зачувување на чистиот воздух и чистата животна средина.