Согласно член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл. весник на РМ“ бр.51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11, 144/12, 55/13, 163/13 и 42/14) и Решението за организирање на јавна анкета и јавна презентација бр. 19-1240/12 од 22.09.2015год. Градоначалникот на општина Охрид,
С О О П Ш Т У В А
ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ПОВТОРЕНА ЈАВНА АНКЕТА И ЈАВНA ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА ДУП за 6 та УЗ дел од УБ 6.1 опфат 1, КО Охрид 2 ОПШТИНА ОХРИД плански период 2014-2019 НАЦРТ ПЛАН
1. Просторот на планскиот опфат на ДУП за 6 та УЗ дел од УБ 6.1 опфат 1, КО Охрид 2, општина Охрид, со површина од 9,9 ха. Вака дефинираниот опфат се наоѓа помеѓу: На северо-запад границата оди по осовината на собирна улица “7ми Ноември” и ул. ”Марко Нестороски”, на исток границата оди по осовината на станбената сообраќајница ул. ”Даме Груев” и ул. ”Богомилска”, а на југ границата оди по осовината на магистралната сообраќајница “Туристичка”.
2. Јавната анкета ќе трае од 23.09.2015 – 06.10.2015 год.
3. Јавната презентација ќе се одржи во големата сала на општина Охрид на ден 30.09.2015 год. со почеток во 12.00 часот.
4. Заради обезбедување пристапност и увид од страна на граѓаните и правните лица планот ќе биде истакнат во холот на општина Охрид пред големата сала за состаноци.
5. Стручната служба ќе дава објаснување секој работен ден од 14 до 16 часот во просториите на општина Охрид.
6. Заинтересираните граѓани и правни лица своите предлози и забелешки, додека трае јавната анкета, можат да ги доставуваат на анкетни листови до надлежни.
ДУП за 6 та УЗ дел од УБ 6.1 опфат 1, КО Охрид 2, општина Охрид