Денес околу 11:00 часот во охридското село Долно Коњско, на удолницата веднаш до училиштето „Св.Наум Охридски“, трактор од „Охридски Комуналец“ со преполна приколка отпад заврши во провалија, а притоа „скина“ и една бандера.
За среќа, учениците беа на час. На лице место пристигна амбулантно возило, а возачот иако без видни повреди, превентивно беше пренесен на понатамошни лекарски прегледи.
Нешто по 15 часот, тракторот беше извлечен од провалијата, а бандерата беше прицврстена со бетонска подлога.
WebOhrid