Извршено авионско прскање против комарци

Рано утрово, во периодот од 5 до 8 часот, на подрачјето на општина Охрид, Струга и Дебрца, беше извршена авионска адултна дезинсекција против комарци.

На територијата на општина Охрид со дезинсекцијата беше опфатен потегот од Прентов мост до вливот во Охридското езеро по течението на Коселска река. Во градското подрачје во зона на Касарната и Дебело поле како и во населбите Воска и Даљан.

На територијата на општина Струга се спроведе дезинсекција во атарите на селата Мислешево, Мороишта и Драслајца, како и на потегот од Подмоље по магистралниот пат кон Ќафасан и Охридското Езеро се до село Калишта.

На територијата на општина Дебрца се спроведе дезинсекција во атарите на селата Мешеишта, Волино и Требеништа по течението на реката Сатеска, како и во зона на селата Белчишта и Велмеј по течението на Голема река.

Препаратот со кој се изврши запрашувањето не е штетен за луѓето и животните, односно водата и почвата.

WebOhrid