Вечерва не очекуваат поројни дождови

Денес ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност, а вечерва не очекуваат поројни дождови. Исто така можна е појава на грмежи и засилен ветер. Локално се очекуваат поинтензивни процеси со обилен пороен дожд и можна појава на град.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 18, а дневната од 22 до 27 степени. УВ индексот ќе има вредност 5.