Интензивно се работи на реконструкцијата на улицата „Ристо Чадо“

Градежната компанија АД „ Илинден“ интензивно работи на реконструкцијата на улицата „Ристо Чадо“. На улицата се отстранува постојниот асфалт по целата ширина, се поставува тампонски слој, а потоа следува асфалтирањето.

На терен се и екипите на ЈП „Нискоградба“ кои работат на приклучување на објектите на новата траса на канализацијата.