Фестивалот ИНТЕРФЕР – Златна НИКА оваа година се одржува по 20-ти пат во Србија, во соседските градови Апатин и Сомбор и важи како единствен во светот кој го негува најубавиот и најтешкиот новинарски жарн – репортажата. Како претставник на Македонија за ова јубилејно издание на фестивалот се вклучи ТВ Морис од Охрид со репортажно видување на градот во кој што делува и твори. Со репортажата наречена само како „Охрид“ која трае 30 минути, ТВ Морис ќе се обиде да повлече високо место на пласман, со оглед на фактот дека репортажата веќе е номинирана за награда (линк: 20. INTERFER Zlatna NIKA 2015). Репортажните видувања ќе се презентираат од 2-ри до 5-ти октомври, кога ќе бидат прогласени добитниците на награди и признанија. Признанијата задкрилно стојат зад статуетката на Божицата НИКА која ја симболизира победата и триумфот.
Покрај номинациите на творби од Словачка, Таџикистан, Америка, Индија, Хрватска, Венецуела, Бугарија, Република Српска и Србија – РТС, репортажата за Охрид преставува видување на градот со акцент на сите вредности кои ги поседува: од природните убавини, до културно историското наследство од непроценлива вредност. Се чини дека авторот на филмот (Јован Трпески) тргнал во прошетка низ градот со очите на просечен турист, при што направил пресек на случувањата во Охрид од бронзеното време па се до денес вклучувајќи ги и цивилизациските смени кои сите зад себе оставиле трага од сопственото постоење. Репортажата за Охрид работена е на македонски, српски и англиски јазик која со оглед на јавната и ТВ презентација низ повеќе земји во светот, преставува вистински амбасадор за популизирање на Охрид како духовен и туристички центар во Европа.
Покрај авторот, на репортажата работеа Снежана Липковска – Бјанка како преведувач и лектор, Кристина Алексиеска монтажа и синхронизација и Гоце Ангеличин Жура како стручен консултант. Инаку, на ТВ Морис последниве години како да му зачестија меѓународните признанија за телевизиски интерпретирани теми.
За потсетување е учеството на меѓународниот фестивал ПРОФЕСТ во Бачка Топола кога во конкуренција од пријавени 190 трудови од 15 Подунавски земји, ТВ Морис во авторство на Кристина Алексиеска за филмот ПАТОТ НА ПУПИНОВИТЕ ПРЕДЦИ ја освои Втората награда.