Селекторот на македонската А репрезентација, Љубинко Друловиќ го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за квалификациските натпревари против Украина на 9-ти октомври на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје и против Белорусија на гости три дена подоцна.
За двата, последни натпревари од квалификациите за Европското првенство во Франција 2016 повикани се 22-ца фудбалери. Во најдобриот националниот тим за прв пат е повикан Давид Митив Нилсон од шведски Норчепинг, а по пауза од 16 месеци во репрезентацијата се враќа Иван Тричковски.