Откажани над 90 летови во Јапонија поради тајфун

Над 90 летови се откажани денеска на јапонскиот остров Окинава поради приближувањето на моќниот тајфун „Дујуан“.

Околу 300 жители се евакуирани од своите домови на островите Јонагуни и Ишигаки, а над 100 домаќинства се без електрична енергија.

Брзината на ветерот во центарот на моќниот тајфун достигнува до 70 метри во секунда. Тој се движи се брзина од 20 километри на час кон северозапад во насока на Тајван, по што се очекува да стигне до бреговите на Кина.

Тајванските власти објавија предупредување за опасност од поплави во крајбрежните региони.

Извор: Нет Прес