СДСМ: Така наречената „марина“ или „мало пристаниште“ всушност ќе биде приватен ресторан на лица блиски од власта

„Додека ВМРО-ДПМНЕ купува скапи партиски седишта, државниот имот којшто им припаѓа на сите граѓани буквално го распродава на свои блиски поддржувачи кои потоа стануваат финансиери на партијата.

Дрскоста на власта на ВМРО-ДПМНЕ оди дотаму што на најубавиот дел од Охридското езеро лажно им ветува на граѓаните дека ќе биде изградено пристаниште за 20-тина пловни објекти. Така наречената „марина“ или „мало пристаниште“ всушност ќе биде приватен ресторан на лица блиски од власта. Со ваков проект ќе биде нарушен еколошкиот систем на Охридското езеро.“ – истакна на денешената прес-конференција, координаторот на советничката група на СДСМ во Советот на општина Охрид, професор Д-р. Јован Стојаноски.

Како што рече Стојаноски, дополнително, граѓаните на Охрид нема да добијат соодветен економски ефект ниту да имаат побогат општински буџет.

12032915_10205468165887039_3233321145530522149_o

„Очигледно од ова корист ќе имаат само поединци блиски до власта.

Затоа ли нема мислење од експертите за заштита на еколошката компонента од изградбата на ваков објект? Затоа ли мислењето на граѓаните е исклучено целосно?

Јавноста и граѓаните, мора да бидат вклучени во една поширока јавна расправа за тоа како треба да изгледа пристаништето.

Владата на РМ потроши над 600 милиони евра народни пари за проектот „Скопје 2014“.

Па зарем граѓаните на Охрид не заслужија од државниот буџет да биде изградено на вистински начин соодветно пристаниште или марина? Несомнен заклучок е дека власта во заминување не се грижи за Охрид туку само за својот бизнис интерес.“ додаде Стојаноски.

11850655_10205468166287049_3207445166455448971_o