Работен состанок во Поградец за компонентата за заштита на важните видови на флора и фауна во езерата

Во рамките на заедничкиот проект за заштита на биодиверзитетот во езерата во Дримскиот басен поддржан од Германското друштво за меѓународна соработка ГИЗ, денес и утре во Поградец се одржува Работен состанок за компонентата за заштита на важните видови на флора и фауна во езерата.

„Во рамките на Проектот веќе е изготвена листа на важни видови (вкупно 78 ) и на овој состанок целта ќе биде да се приоретизираат 5 до 10 најважни и загрозени видови во секое од езерата врз кои потоа ќе се врши мониторинг согласно критериумите и директивите на ЕУ и согласно капацитетите на институциите.“– вели македонскиот претставник Дејан Пановски од Билатералниот секретаријат за сливот на Охридското Езеро

На состанокот, преставници од МЖСПП ќе презентираат за законските рамки и за новата стратегија за Биодиверзитет во РМ, а преставници на НВО секторот за нивната вклученост во истражувањата и моноторинг врз видовите.

„Овој процес е исклучително важен за состојбата на важните и ендемичните видови и во Охридското езеро и Преспанското езеро како уникатни вредности и бара посветеност на надлежните институции и од македонска страна. Секоја заштитена уникатна вредност ја зголемува вредноста на регионот.“– додава Пановски.

12038505_739966762775516_6635620214246139907_n