Во расадникот кој функционира во рамките на работната единица „Паркови и зеленило“ при Ј.П. „Охридски Комуналец“ веќе се подготвува зимската реколта од цветниот расад од видот „виола“ – очиња.
Процесот на подготовка започнува со обработка на плодна хумусна земја која е збогатена со органско ѓубриво. Потоа следува никнување на семето во топлите леи на расадникот и засадување на садниците во соодветни саксии со плодна земја.
После одреден период кога садникот ќе добие соодветна форма, цврстина и големина, истите ќе бидат засадени во градските парковски површини и ќе ги красат до пролетниот период.