Во петок ќе се прикажуваат 3Д кино проекции во Центарот за култура

Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“-Охрид, на 2-ри октомври (петок), ќе се прикажуват 3Д кино проекции.

Со почеток во 17:00 часот ќе се прикажува-Смотанко и Трапавко: Невозможна мисијa 3D (синхронизирано на македонски). Во 19 часот ќе се прикажува филмот Лавиринт: Бегство низ Пустошот, додека со почеток во – 21:15 часот ќе се прикажува филмот Марсовец Спасувачка Мисија.

Влезнците за кино проекциите чинат 200 денари.

Инаку, 3Д кино проекциите се прикажуваат во рамки на проектот „Мобилно 3Д кино“ кој го реализира дистрибутерската куќа МЦФ МКД од Скопје.

WebOhrid