Во знакот на промоцијата на органската храна и потенцијалите кои ги има земјава за развој на овој во светски рамки исклучително важен дел од земјоделското производство, на годинашната саемска манифестација за широка потрошувачка „Агрофуд 2015“, во соработка со Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство како покровител на оваа саемска манифестација, во наредниве 4 дена ќе се претставува и Агенцијата за храна и ветеринарство. На оваа јубилејна саемска манифестација која се одржува по 65-ти пат, акцент е ставен на македонската традиционална зимница и на органските производи.
На располагање се, потсети тој, финансиски средства од програмите за директни плаќања и за рурален развој, како и европските ИПАРД фондови, додека предфинансирањето ќе биде помогнато со поволни кредити преку македонските комерцијални банки кои ќе учествуваат во гарантниот фонд и преку субвенционирање на каматните стапки на земјоделските кредити.
По свеченото отворање, министерот Цветков и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски го посетија штандот на кој заеднични на годинешниот „Агрофуд“ се претставуваат Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за храна и ветеринарство.
Директорот на Агенцијата на првиот саемски ден оствари средби со неколку претставници од компаниите од земјоделско – прехранбениот сектор, од месната и конзервната индустрија, одгледувачи на калифорниски црви и производители на органско микробиолошко ѓубриво, како и од индустријата за амбалажирање и пакување на производите.
Презентации, промоции, дегустации и интерактивни излагања, се само дел од програмата на годинашниот „Агрофуд“ на кој посетителите во саемските денови ќе можат да добијат и информации кои се однесуваат на делокругот на работа на Агенцијата за храна и ветеринарство, безбедноста на храната, здравствената заштита и благосостојбата на животните, како и да дадат предлози за унапредување на соработката и да постават прашања кои се од нивни интерес.