Национална акција „Македонија без отпад“

Министерството за животна средина и просторно планирање и Асоцијата за чиста животна средина „ Ајде Македонија“ утре ја организира Националната акција за чистење „Македонија без отпад 2015“.

Во рамките на проектот „Македонија без отпад“ на целата територија на Република Македонија ќе се одржи националната акција за чистење на околината од отпадот кој се наоѓа на несоодветни места. Целта на проектот е граѓаните и сите засегнати групи, организирано и што по масовно да се вклучат да ја исчистат својата околината од отпадот што се наоѓа насекаде.

Во рамките на акцијата општина Охрид и ЈП„Охридски комуналец“ ќе го исчистат потегот на магистралниот пат од сообраќајната клучка на влезот во Охрид до селото Подмоље.Основните училишта во општината ќе се вклучат во акцијата со чистење на дворните места на училиштата.

Mk_bezotpad480