ЈП „Охридски Комуналец”- Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека утре ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З.6 „Даме Груев“ и УЗ 10 „Горна Влашка Мала“ (комплекс згради „Христо Узунов“ , „Карабегобамал“ и „Горна Влашка Mала“).
Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во РЕ „Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од ЈП „Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.