Презентација и панел-дискусија во Струга „Превенција на ропството и трговијата со луѓе“

Месец јануари е прогласен за месец на „Превенција на ропството и трговијата со луѓе“ од страна на претседателот на САД, Барак Обама и затоа и оваа година по петти пат Американското катче во Струга во соработка со Американската амбасада во Република Македонија организираат презентација и панел-дискусија на оваа тема.

Говорници ќе бидат претставници на политичкиот сектор на Амбасадата на САД во Македонија, претставници на невладини организации како и претставници од државните институции. Настанот ќе се одржи утре(29-ти јануари) во салата на Советот на Општина Струга со почеток во 17:00 часот.