Основното училиште „Григор Прличев“ се приклучи во акцијата „Македонија без отпад“. Училиштето веќе неколку години ја поддржува оваа акција „Македонија без отпад“ и спроведува едукативни предавања за заштита на животната средина од отпадоци и акција за чистење на училишниот двор. Поголемо внимание им се посветува на помалите ученици за да ги усвојат навиките трајно.
„Со задоволство можеме да констатираме дека учениците во нашето училиште ги имаат стекнато тие навики и отпадот го фрлаат на соодветно место, а тоа може да се забележи и од училишниот двор.“ – истакнуваат од ОУ „Григор Прличев“.