Со презентација на основите за одговорно сопствеништво, голем број на едукативни материјали за децата и возрасните, Агенцијата за храна и ветеринарство викендов беше дел од хуманитарниот базар за помош на кампањата „Дом за секое милениче“ на здружението „Анима Мунди. Станува збор за настан кој го организираше хуманитарното здружение „Кралицата Есма и Стево Теодосиевски“ на кој беа одржани голем број забавни и едукативни работилници наменети за децата.
Во рамки на оваа хуманитарна манифестација се одржаа и модна ревија за миленици, дресура, лотарија, и други настани кои имаа за цел анимирање на најмалите за одговорното сопствеништво и правата и обврските кои произлегуваат од него. Посетителите на овој хуманитарен настан имаа и можност да вдомат милениче.