Вчера издадени 2.543 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил

Во периодот од 08,00 часот на 04.10.2015 до 05.10.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 2.543 странски државјани, од кои, 1.645 се од машки пол, 297 се од женски, 498 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 103 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.309, Авганистан –904, Ирак-132,додека другите се во помал број.
Во периодот од 19.06.2015 до 05.10.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 118.042 странски државјани, од кои, 78.090 се од машки пол, 15.669 се од женски, 20.136 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 4.147деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-85.974, потоа Авганистан-15.852, Ирак-7.723, Пакистан-3.109 Палестина-1.178, Иран-783, Сомалија-731, Бангладеж-699, Конго-372, Нигерија-229, Камерун-190, Еритреја-168, Етиопија-144, Судан-118, додека останатите се во помал број.

Во периодот од 08,00 часот на 04.10.2015 до 05.10.2015 година во 08,00 часот до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 05.10.2015 година до Одделението за азил се поднесени 50 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 37 барања се од државјани на Сирија, од нив 10за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Од дневниот регистар за 04.10.2015 година се евидентирани вкупно 6 баратели на азил,сите мажи (од кои еден е со повреда). Дополнително согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита две малолетни лица без придружба на старател и еден возрасен маж се сместени на друго место одредено од МТСП.