Најмалите од „Григор Прличев“ станаа членови на Детската организација

Под мотото „Сите заедно до подобро утре“, првачињата од ОУ „Григор Прличев“ станаа членови на Детската организација. Тие свечено ветија дека ќе бидат добри ученици и ќе ги почитуваат наставниците.

„Во овој момент ветувам на сиот глас дека моите наставници, ќе ги почитувам јас! Секоја задача ќе се обидам со леснотија да ја решам, но ве молам, простете, ако некогаш згрешам! Во овој момент, давам чесен татковински збор, ќе се дружам со другарчињата во училишниот двор“.- ветија првачињата.

Со организирана културно уметничка програма учениците се вклучија во Детската организација во организација на Сојузот за грижи и воспитување на децата на Македонија, а на првачињата им беа доделени детски пасоши, како и беџови.

Во рамките на Светската недела на детето, според Законот за заштита на децата, класните раководители ги истакнаа одредбите од Конвенцијата за правата на детето.