Утре прекин во работењето на Макцис системот во царинските испостави Охрид, Струга и Ќафасан

Од Царинската управа на Република Македонија информираат дека утре 7-ми октомври (среда), во периодот од 7 до 11 часот во Царинските испостави Охрид, Струга и Ќафасан ќе биде во прекин системот за обработка на царински декларации, заради спроведување активности за негова надградба, и во тој период нема да се спроведуваат увозно-извозни операции во наведените царински испостави.