Со свечена седница која ќе се одржи утре со почеток во 12 часот во големата сала при општина Охрид, Локалната самоуправа и ОО на Сојуз на борци од НОАВМ на Охрид и Дебарца ќе го одбележат 11 Октомври – Денот на народното востание на Македонија.
Дента на одбележување на празникот во недела ( 11 октомври 2015 година), делегација од општина Охрид ќе положи свежо цвеќена спомен – обележјата од НОБ во спомен – паркот на Револуцијата и Градски гробишта.
Почетокот на настанот е закажан во 11 часот.