СДСМ утре ќе одржи трибина со граѓаните на Охрид

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија организира трибина со граѓаните на Охрид, по повод презентација на првиот столб од проектот „Визијата за Македонија – Одговорна власт и контрола над власта“.

Трибината ќе се одржи утре во хотелот Ривиера во Охрид, со почеток во 19:00 часот.

ОО на СДСМ Охрид ги поканува сите заинтересирани сограѓани да присуствуваат на трибината и да учествуваат во граѓанската дебата со претставниците од највисокото партиско раководство на СДСМ.