Во рамките на Детската недела која секоја година се одбележува во првата седмица од месец октомври, под мотото „За подобро утре“ училиштето „Дебрца“ и Детската организација при ова училиште се вклучија во одбележувањето со низа активности.
„Првачињата беа запознаени со Конвенцијата за правата на децата донесена од УНЕСКО, па согласно неа беа изработени цртежи со кои ги збогатија холовите на училиштата. Преку тие мали ремек-дела, ги искажаа своите права, но не заборавија и на своите должности. Учениците беа и во посета на Локалната самоуправа, и остварија непосредна средба со градоначалникот и вработените во Општината Дебрца.“– велат од училиштето.
Денес учениците со пароли за правата на децата се прошетаа низ населените места, а во подрачното училиште во с.Требеништа беше одржана централната свеченост на која беа промовирани првачињата како нови членови на Детската организација со давање на свечена заклетва.