Вчера издадени 3.174 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил

Во периодот од 08,00 часот на 09.10.2015 до 10.10.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 3.174 странски државјани, од кои, 1.757 се од машки пол, 482 се од женски, 793 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 142 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.644, Авганистан –1.155, Ирак-183, додека другите се во помал број.

Во периодот од 19.06.2015 до 10.10.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 130.727 странски државјани, од кои, 85.681 се од машки пол, 17.403 се од женски, 22.895 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 4.748 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-93.298, потоа Авганистан-19.617, Ирак-8.494, Пакистан-3.247 Палестина-1.284, Иран-1.109, Сомалија-746, Бангладеж-744, Конго-426, Нигерија-233, Камерун-204, Еритреја-173, Етиопија-144, Судан-123, додека останатите се во помал број.

Во периодот од 08,00 часот на 09.10.2015 до 10.10.2015 година во 08,00 часот до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, за искажана намера за поднесување на барање за признавање за право на азил

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 10.10.2015 година до Одделението за азил се поднесени 68 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 51 барања се од државјани на Сирија, од нив 15 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Мобилните тимови на Црвениот крст, во периодот од 21.00 часот на 08.10. до 21.00 часот на 09.10. допринеле со следниве активности:

• На ГП Табановце:

Укажана прва помош на : 239 лицe

Транспорт од Табановце до Кумановска болница- 1

Донирани: Вода 78 шишиња, Бисквити:6 кутии ( х100), Двопек:21 пакувања, Млеко за бебе:9, Шише за бебе:3, Пелени за бебе:19, Ќебиња: 86, Пакети со хигиена: 6, Бебе сет: 3

• На ГП Гевгелија

Укажана прва помош на: 792 лица

Транспорт од Камен 59 до Винојуг: 6 лица

Препратени случаеви до екипите на МЗ- 7

Донирани: Вода: 4704 шишиња, Бисквити: 20 кутии (х100), Ќебиња:183.